7 одделение Техничко образование и информатика

Модул Информатика



Тема 3: Табеларни пресметувања










Тема 1: Информатика, компјутери и вештачка интелегенција

Историјат - генерации на компјутери


Да повториме за хардвер



Видови компјутери и ИТ уреди


Штетни компјутерски програми





Видеолекција за 
Штетни компјутерски програми
 е поставена на  Линк

Наставниот материјал за
Компјутерска етика
може да се отвори со клик на ЛинкЕтика

Комерцијален, лиценциран софтвер или слободен софтвер?


Вештачка интелигенција ВИ

Вештачка интелигенција (ВИ) е назив за компјутерски системи што можат да извршуваат задачи за кои обично е потребна човечка интелигенција: препознавање слики и говор, обработка на јазик, откривање обрасци, предвидување или создавање содржина. ВИ работи со податоци, алгоритми и математички модели.

Каде ја среќаваме ВИ?
  • препознавање лице или глас на телефон;
  • препораки за видеа, музика или производи;
  • автоматско преведување;
  • филтрирање несакана електронска пошта;
  • помошни системи во автомобили;
  • анализа на медицински снимки;
  • чат-алатки кои одговараат на прашања или создаваат текст.

ВИ и micro:bit
ВИ може да се поврзе и со мали уреди како micro:bit.

НАПОМЕНА: Колку е поважна одлуката за животот и безбедноста на луѓето, толку е поважна човечката проверка и одговорност.

Етичко и одговорно користење на ВИ
Да наведеш и објасниш правила за безбедно, правично и одговорно користење на ВИ.

Зошто ни се потребни правила?
ВИ може да се користи за објаснување, идеи, вежбање и создавање. Но можеме и да внесеме туѓи лични податоци, да шириме неточна информација или да претставиме генерирана работа како своја. Затоа етичкото користење е дел од дигиталната писменост.

Правила за етичко и одговорно користење на ВИ:

* Заштити ја приватноста. 
Не внесувај лозинки, адреси, телефонски броеви, банкарски или други чувствителни  информации.

* Не поставувај фотографии од други луѓе без нивна дозвола.

* Проверувај ги информациите. 
Важните информации провери ги во учебник, официјална страница или друг доверлив извор.

* Користи ја ВИ за учење, а не за измама. Побарај објаснување, пример или повратна информација, а потоа сам/а создај го конечниот одговор.

* Не користи ВИ за да им наштетиш на други. 
Не создавај лажни фотографии или пораки со цел да навредиш, посрамотиш или измамиш некого.

НАПОМЕНА: Човекот ја носи конечната одговорност. Кај здравје, образование, правни одлуки, вработување, финансии или безбедност, резултатот од ВИ треба да се провери од човек.



За подетално за ВИ и примена на ВИ кликнете на ЛинкВИ 

ВАЖНО: За да го превземете стариот учебник по Информатика за 7 одделение во кој има 5 теми од вкупно 8 теми, кликнете на

.

Comments

Popular posts from this blog

6 одд Техничко образование и информатика

6 одд Микробит