Важна информација за 6 одделение за претстојната писмена проверка Тест
На молба на повеќе ученици од 6абвг одделение, овде во постов, уште еднаш, ќе посочам кој наставен материјал ќе биде опфатен со претстојната писмена проверка Тест во наставен предмет Информатика во 6 одделение
Основните дефиниции за основните информатички поими (дефиниција за Информатика, податоци, информација, компјутер, персонален компјутер)
Основните периферни уреди (нивна дефиниција, краток опис, нивно препознавање во набројани повеќе хардверски делови)
Најважните хардверски делови сместени во куќиште (нивна дефиниција, краток опис, нивно препознавање во набројани повеќе хардверски делови, нивна кратенка)
Мемориски единици во информатика (нивно име, кратенка, големина)
Основните дефиниции за софтвер (дефиниција за софтвер, дефиниција на програма, поделба на програми, дефиниција на оперативен систем, видови оперативен систем)
Основни операции со глувче во оперативен систем
Фајлови (дефиниција на фајл, други називи за фајл,
карактеристики на фајлови)
Фолдери (дефиниција на фолдер, други називи за фолдер, карактеристики на фолдер)
Штетни компјутерски програми (дефиниција, поделба) и антивирусна програма (дефиниција, примери на антивирусни програми, препораки за примена на антивирусна програма)
Во Втората-тековна наставна тема
Правилно пишување текст во текстуален документ во текст процесор
Функција на тастерите Space, Shift, CapsLоck,
Enter, Delete, BackSpace, како се менува македонска подршка на тастатура
Брзо и лесно позиционирање во текст
Селектирање на телови од текст/текстуален документ
Снимање на текстуален документ
Снимање доработка на снимен текстуален документ
Поништување на последна команда/операција
Основни алатки за форматирање (фонт на знаци, големина на знаци/букви, стил на знаци/букви, избор на боја на знаци, боење на заднината на текстот, порамнување текст)
Додавање слики и графика во текстуален документ (вметнување слика во текстуален документ, уредување/форматирање вметната слика во текстуален документ, вметнување графичка форма во текстуален документ)
Табели во документ (дефиниција на табела, елементи на табела, препознавање колку колони, редици, ќелии има прикажана табела, постапка на вметнување табела, уредување/форматирање на табела)
- во 6в и 6б одделение во вторник 15.11.2022 година
- во 6г и 6а одделение денес-петок 18.11.2022 година
Comments
Post a Comment